(ВИДЕО) Фудбалски судија почина во текот на натпревар

Фудбалскиот арбитар  Виктор Хуртадо починал за време на натпреварот од 25-то коло во националниот шампионат на Боливија меѓу екипите на Олвејс Реди и Петролеро (5:0).

Според тамошните медиуми, трагедијата се случи во второто полувреме кога срцето на 32-годишниот судијата престанало да работи. Лекарите од двете екипи се обиделе да му помогнат. Потоа, тој бил пренесен во болница, но лекарите не можеле да го спасат судијата.

Исто така, е објавено дека лекарите на стадионот успеале да го реанимираат Хуртадо. Меѓутоа, во болницата тој повторно имал срцев удар, што доведе до смрт.

Боливискиот претседател Ево Моралес преку Twitter изрази сочувство до роднините и пријателите на арбитерот.

https://www.youtube.com/watch?v=HxuOpce_0mw