Над 10.000 луѓе во Кумровец, стотици во Куќата на цвеќето во Белград по повод Денот на младоста

Повеќе од десет илјади поколоници на „ликот и делото“ на поанешниот југословнески комунистички водач Јосип Броз Тито стасале во неговото родно место хрватски Кумровец, а стотици лица од териториите на поранешната заедничка држава СФРЈ во српската престолнина Белград по повод 25-ти мај – Денот на младоста кој своевремено се славеше како државен празник.

Во Кумровец со вообичаените капи „титовки“, црвени шамии, униформи и маици со ликот на Јосип Броз, годианва имало неспоредливо помалку знамиња со обележја на поранешната држава, пренесуваат локалните медиуми.

Додека претседателот на Сојузот на друштвата Јосип Бро Тито, Јован Вејновиќ, од говорницата рекол дека има информации дека има информации оти неколку автобуси се запрени на словенечко-хрватската граница поради тоа што некои од оние кои имале намера да дојдат во Кумровец ги имале на себе споменатите обележја, преседателот на здружението САБА РХ, Фрањо Хабулин, за медиумите рекол дека нема информации за одземање знамиња и други предмети.

Многу почитувачи на Тито, по некој преживеан членн на Сојузот на здруженијата на борците од народосноботилената борба (СУБНОР), и членови на здруженијата во чест на доживотниот претседател на СФРЈ, со венци, цвеќе и знамиња на поранешната држава и на Сојузот на комунистите на Југославија (СКЈ), во поворла му одадоа почест во Куќата на цвеќето во Белград.

Тие организирано, со автобуси или приватни автомобили, од утрото пристигнувале на платото пред Музејот на историјата на Југославија на Дедиње, во рамките на кој е и комплексот Куќа на цвеќето, каде што е погребан Јосип Броз.

И покрај борјните контроверзии и спроитставености меѓу историчарите и современиците од периодот на Тито околу неговата улога во повоените страдања на припадниците на поразените сили и политичките противници, современата историја го вбројува меѓу најистакнатите водачи и државници на епоха, а илјадници луѓе од поранешната СФРЈ ги посетуваат Меморијалниот центар Јосип Броз Тито и Куќата на цвеќето секоја година на денот на неговата смрт, 4-ти мај и на 25-ти мај, датум кој во поранешна Југославија се одбележуваше како негов роденден.

Името на Тито, освен во контекстот на комунистичкот и партизанското движење, и антифашистичката борба која во текот на Втората светска војна пресудно влијаела на политичкот устројство и постоењето на поранешната СФРЈ, се врзува и со основањето на Движењето на неврзаните, во кое членува земјите од ткн „трет свет“ замислен како своевиден баланс меѓу Западот и Истокот во годините на Студената војна. На погребот на Тито во Белград на 8-ми мај 1980 година присуствуваа над 200 високи фунцкионери, шефови на држава и влади и високи делегации од дури 127 земји и организации.

Според официјалните податоци на Музејот, во текот на овие два дна, од година в година се собираат меѓу 2.000 и 5.500 луѓе. Од 1980 година Куќата на цвеќето, според официјални податоци, ја посетиле повеќе од 17 милиони луѓе, а во текот на една година најбројни се туристите од Западна Европа, Америка, а сѐ повеќе ги има од Азија, во прв ред од Кина, Јапонија и Јужна Кореја.