Апсења на фудбалери во Шпанија за местење натпревари

Шпанската полиција во вторникот уапсила повеќемина сегашни и поранешни прволигашки и второлигашки фудбалери поради сомневања во вмешаност во местење на натпреварите со цел да се заработи на обложувањата.

Од полицијатра не сакале да откриваат поединости од истрагата, но шпанските медиуми пишуваат дека меѓу уапсените е и претседатекот на Хуеска, клубот кој минатата година избори пласман во првата лига за оваа експресно да се врати во втората, Агустин Ласаос.

„Сѐ уште немавме можноста да разговараме со претседателот, но тој јсигурно ќе знае да го даде вистинското објаснување кога ќе дојде време за тоа. Ние во клубот не сме загрижени и ќе им бидеме на располгање на иследниците за сѐ што ќе се бара од нас“, изјавил адвокатот на Хуеска, Педро Камареро.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.