Одисеја 2001

Од почит кон филмот и авторот кој ми го обликуваше животот и ми отвори духовни сфери

На 12 мај 1968 светот се смени, го промени Стенли Кјубрик кога се појави неговото ремек-дело, едно од најдобрите во историјата на филмот, но и во областа на уметноста воопшто ОДИСЕЈА 2001. 

Поминаа 4 децении од овој филм, само овде-онде, понекоја скромна објава. Нема вонредни проекции, нема тркалезна маса, нема семинар за кинематографија за влијанието и значењето на филмот децении подоцна.

Филмот е базиран врз книгата на Артут Кларк, која за жал е само бледо, платно без никаково значење, книга која ќе останеше празно ништо, да не беше Кјубрик со неговата визионерска и продлабочена филмска нарација базирана на поглед, гест, асоцијација, слика, фотографија и со минимален текст, дури и непотребен, а најчесто бизарен.

Кога се појави, филмот беше премногу, дури и за најголемите доајени на научната фантастика. Исак Асимов ја напушти проекцијата демонстративно поради постапките на ХАЛ 9000. Тој сметаше дека Законите на Роботиката (патем генијални) кои токму тој и ги напиша, ќе бидат хардверски биос на секое идно делание на било која вештачка интелигенција. Како и Кларк, така и Асимов направи онтолошко промашување, не успевајќи да ги сфати продухевните и предлабоки слоеви на онаа намерно недоречена нарација на Кјубрик. Филмот полнеше сали, но побликата излегуваше збунета. Со главите наполенти со Бараберела, Забранета Планета, марсовци со антени и слични палп-фикшн измет, не беше спремна за врвна уметничка и естетска форма каква ја дожеивааја тогаш. Минаа најмалку пар децении откако почнавме да разбираме на општо ниво како функционира космосот, универзумот, Генезисот, да разбираме каква неверојатна визија ни е пружена која на прва топка изгледаше збунувачки празно. И ден денес, следам по некоја рекација од овој-оној, еве еден солиден твитер пример – Едно од шарените типчиња кое својот квази-капацитет го посвети на шарената револуција, напиша – „мразам вакви филмови – долги досадни да заспиеш на нив“. И во право е. Тогашната генерација немаше репер, a оваа не сака уметност, освен ако не е поврзана со нивната иделогија, најчесто либерална и само низ таа призма на самоодрекувањње на човечките способности да проникне длабоко.

Истото се случи и со Блејд Ранер. Кога се појави едвај слабо помина на кино благајните. Култниот статус го доби дури во 90-те. Потполно исто се случува сега и со Блејд Ранер 2049 кој може да застане рамо до рамо со Кјубрик, но и тој помина лошо, оти оваа генерација не знае да слуша амбиентална музика, да го гледа Тарковски, ако пејзажот е магла не може да иницира внатрешни процеси како што секоја врвна уметност тоа го прави – за нив е празно, милениумците сакаат позирање, и се што им изгледа интелектуално со недеоречености кои треба да ги покрие продуховеноста на внатрешното созерцание – е грдо за нив, затоа што внатрешно се празни.

Овој филм, доби награди, доби Оскар за ефекти и беше номиониран за најдобар филм, секако не освои, и не ме прашујте кој го освои, дегутантно ми е, ене ви, гуглајте. Режисерскиот Еснаф уште истата година му додели признание за најдобар филм, а на Московскиот филмски фестивал освои златна плакета за најдобар филм. Филмската фела го препозна, но толку. Дури во 2012. доби награда за најдобар СФ филм како двд-блуреј издание. Нејсе, а мислам дека ви е јасно.

Најзначајно во оваа приказна е една награда која ретко ќе ја најдете како филмскиот еснаф се фали со неа. Меѓу режисерите кои го препознаа значењето на овој филм и му се поклонија и го кренаа на пиедестал како еден од најдобрите режисери и уметници во историјата воопшто, доби награда, препорака и признанеие од Црквата, која во овој филм препозна религиозно – духовни вредноста кои го величаат, на едно посебно слоевито ниво, одонсот на Бог – Човек, во една повеќе слојна, исклутелно суптилна корелација со неискажливоито, невидиливото, а сеприсутното.

Можат книги да се напишат, за ефектите, кои и ден денес се толку добри да „онаа“ публика сеуште верува дека Кјубрик го лажирал слетувањето на месечината, дека се тоа истите техники коаи ги употребил во филмот. Иако, до појавувањертто на филмот Kаприкорн Еден (Capricorn One) теза за лажирање на слетувањето немаше, но после гледање а филмот, и спојувањето со фасцинантната кинематографија на 2001 кај налудничавата параноична маса се роди теоријата на зговор која трае до ден денес.

(само за ваше инфо, „кемтрејлс“ почна откако се појави филмот Матрикс 1999, каде небото е загадено од страна на човекот со авиони да спречи светлина на земјата, пред тоа ни буква за таква теза, е затоа не ви ги прифаќам, оти се базирани на холивудски филмови токму за наивци).

Драго ми е што на либералните милниумци ова им е здодевно дело, драго ми е и жал, затоа што и денес уметноста не е сама за себе, туку ја стваат само и исклчучиво во рамки на обележана идеолошка ограда.

2001 е филм кој бара посветеност од оној кој го гледа, да се препушти, да се отвори и да не се плаши какви се асоцијации тој ќе му донесе. Тој е навистина Одисеја на духот со ненапишана поетска поента – СМРТТА НА ЕДЕН ЧОВЕК Е РАЃАЊЕ НА НОВА ЅВЕЗДА.

Автор: Јанко Илковски за НетПрес