ТЕ-ТО АД Скопје ја негира финансиската полиција

Компанијата ТЕ-ТО АД Скопје со соопштение до медиумите ги демантира на наводите изнесени од претставниците на Управата за финансиска полиција на прес-конференцијата одржана минатиот петок, за наводни пречекорувања на службените овластувања во компанијата.

„ТЕ-ТО АД Скопје целосно ги демантира наводите на Управата за финансиска полиција изнесени на прес-конференцијата одржана на 21.06.2019 година. Компанијата работи согласно законите на државата уште од нејзиното основање и така ќе продолжи и во иднина. Тоа ќе го докажеме во правна постапка и ќе ги превземеме сите необходни правни дејствија за заштита на дејноста и имиџот на компанијата од неосновани обвиненија“, се вели во дописот за јавноста.