Макрон со ЕУ по ‘француски вкус’ гради основи за свое идно влијание

Claude Paris/Associated Press

Откако две години буквално се бореше да биде по негово во Брисел, францускиот претседател Емануел Макрон, може да биде задоволен дека постигнал ретка победа воопшто во историјата на ЕУ, во посредувањето за договорот за новите челници на клучните институции на Европската унија, што е знак дека францускиот челник во следните години би можел да го прошири и продлабочи своето влијание, и во тој поглед да ја замени веќе „потрошената“ германска канцеларка Ангела Меркел.

По трите дена тешки и мачни преговори на челниците на 28-те земји членки на ЕУ, европските лидери во вторникот го прифатија предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон, поранешната конзервативна француска министерка за финансии и извршна директорка на Меѓународниот монетарен фонд (IMF), Кристин Лагард, да ја смести на чело на Еропската централна банка (ECB), а германската министерка за одбрана Урсула Фон ден Лејен на чело на Европската комисија.

Францускиот челник ден претходно на Ангела Меркел, на којашто јавно ѝ го нудеше претседавањето со ЕК, во понеделникот ѝ го предложил споменатиот женски двоец од десниот центар. Со тоа, според дипломатски извори од ЕУ, на германската канцеларка ѝ понудил „чесно откажување“ од нејзиниот фаворит, како прочем и од концептот на „шпиценкандидат“ кој таа го поддржуваше, германскиот конзервативец Манфред Вебер. Макрон инаку отворено и постојано искажуваше противење, како на споменатиот изборен концепт, така и на предложувањето на Вебер за челник на Европската комисија.

„Петорката“ коај го вклучува белгискиот премиер Шарл Мишел, предлог на европските либерали кој доаѓа на местото претседател на Европскиот совет, институција со клучна улога во посредувањето меѓу челниците во ЕУ, и на шпанскиот социјалист, Каталонецот Жозеп Борељ, кој зборува во Брисел исклучиво на франциски јазик на местото шеф на европската дипломатја, исто така, има изразено „француски вкус“.

„Тој беше клучен за да се добие поддршка за Фон дер Лејен на чело на Комисијата, неговиот либерален сојуник Мишел го доби Европскиот совет, Лагард ја постави за шеф на Европската централна банка, додека Борељ и Фон дер Лејен, исто така, течно зборуваат француски“, рекол неименуван европски дипломат за Reuters.

И покрај дорбата волја на европските лидери по неговиот избор во пролетта 2017 година, францискиот еврофил Макрон имаше тешкотии со протуркување на својата амбициозна замисла за натамошна интеграција на еврозоната, а самостојно истапуваше и по прашањата како што се британското напуштање на Унијата и трговските политики, при што се судри со противењето на Германија и штедливите северни земји членки.

Од изборите за Европскиот парламент на крајот од мај, по кои Макрон го доби решавачкиот збор во формирњето на новата либерална групација „Да ја обновиме Европа“, која е неопходна за формирањео мнозинство во парламентот во Стразбур, францускиот претседател сега има доволно сојузници за да може да биде и „слушнат“, сметаат аналитичарите. Заедно со либералните и лидерита на левиот центар, вклучително и шпанскиот социјалистички премиер Педро Санчез, портигласкиот левичарски претседател Антонио Кошта, либералниот Белгиец Шарл Мишел и луксембуржанецот Ксавиер Бетел, Макрон стана против тежа на Берлин во ЕУ.

„Тој е сега во центарот на играта, но и центарот на европскиот политички спектар, Со соодветниот претседател на Европската комисија, поголемото влијаени во Европскиот парламент и сојузниците во Европскиот совет, можеме да претпоставиле дека сега ќе може да ги протурка промените“, вели Ерик Морис, директор на бриселскиот институт Шумановта фондација.

Уште една причина за успехот на Макрон, е итрата дипломатија. Тој лесно не ги откриваше своите адути и одбиваше да се заложи само за еден кандидат, и покрај тоа што преговарачот за брегзитот, Французинот Мишел Барние, често беше споменуван како еден од фаворитите за челник на Европската комисија. „Успеа да одржува своевидна конструктивна двосмисленост и беше доволно паметен да не го турка Барние“, смета Морис.

Другите европски челници беа помалку претпазливи и ја платија цената за тоа со компромис со кој многумина и во Брисел и во Стразбур не се задоволни. Се чинеше дека има план Б, но не е сигурно дека тоа беше во случајот на Санчез, кој се соочува со гневот на социјалистите поради откажувањето од „шпиценкадидатот“ Јан Тимерманс, како и Меркел, која се соочи со спротиставувања во ЕРР веќе во неделата попладнето, и се откажа од својот концепт на „водечки кандидат“ и свој сопартиец Манфред Вебер зад кого дотогаш цврсто стоеше. Така, што по завршувањето на самитот на Европскиот своет, може да се констатира дека станува збор за поволен исход за Франција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.