Дали е можно, Германија пред рецесија?!

Германија во вториот квартал од годината потона во техничка рецесија. Бруто домашниот производ на Германија во тој период паднал за 0,1 отсто, соопшти „Дестатис“.

Во вториот квартал до израз дојдоа сите негативни последици од трговската војна, што придонесе нето-износот да биде негативен, пренесе „SEEbiz“.

Експертите тврдат дека тежината на германската економија во вториот квартал бил и падот на инвестициите во градежништвото, што не е неочекувано.

„На стопанството му оди лошо и сите се плашат да го изустат злокобниот збор- рецесија. Но, исто така не е од помош да не се види вистината. Во германската индустрија – важен столб на германската економија – одамна има рецесија. Сè повеќе компании сакаат да го намалат своето производство во наредните месеци, и песимистите преовладуваат над оптимистите. Постојат многу причини за тоа, и нив ги знаат сите: во прв ред трговските спорови, но и кризата во глобалната автомобилска индустрија, сè поверојатниот Брегзит без договор , а во последно време и растечките закани на Кина кон Хонгконг. Експлозивна мешавина“, пишува Дојче Веле и објаснува: „Затоа, оваа бројка, која денес ја објавија сојузните статистичари од Визбаден – 0,1 процент помалку економско остварување во вториот квартал отколку во првите три месеци од годината – е сѐ освен изненадување. Се разбира дека е точно и да се претпостави дека и тековниов квартал во никој случај нема да биде подобар, така што ќе дојде следниот минус и потоа работата ќе гласи: германската економија се наоѓа, така да се каже, официјално во рецесија. Економистите пак по два последователни негативни квартали, како што е случајот сега, зборуваат за „техничка рецесија“.

Таквите податоци потврдуваат дека Германија претрпела удар поради забавувањето на глобалната економија и американско-кинеската трговска војна, која ја нагризала побарувачката за германските производи.