(ФОТО) Лидер: Рашковски се поднови со службено BMW – си го користи за приватни потреби!

Ново луксузно BMW повеќе од два месеци е паркирано во дворот на зградата на генералниот секретар на владата Драги Рашковски, пишува порталот лидер.мк.

Откако неговите соседи до редакцијата на Економски Лидер, пријавија дека генсекот на Владата се подновил со нова кола, го проверивме неговиот анкетен лист, но таму не стои дека Рашковски поседува ново возило.

„Рашковски секој ден си ја развозува фамилијата со новото BMW, кое секоја вечер е паркирано пред зградата во која живее, непосредно покрај трговскиот центар Бисер во Аеродром“сведочи за Лидер, сосед на Рашковски.

Затоа што колата ја нема во анкетниот лист на Рашковски, Лидер преку свој извор во МВР преку регистерските таблички провери чија сопственост е. Во полиција, автомобилот BMW, со регистерски таблички SK4673AS е регистриран на име на генералниот секретаријат на Владата.

Ова значи дека Рашковски дома си оди со служебеното возило кое си го користи како приватно истото секоја вечер е на неговиот паркинг. Како што дознаваме, покрај него уште неколку државни функционери се подновиле со нови државни BMWа, кои си ги користат и приватно.

Инаку, Рашковски летово беше во центарот на вниманието поради милионскиот скандал за местење на тендер во М-Нав, во кој обвинителството сеуште нема преземано никакви активности.

Извор: Лидер.мк