Се сруши мост во Турција, проголта минибус и пешаци (ВИДЕО)

Дел од мостот во турскиот град Терме се сруши во реката надојдена по обилните дождови, повлекувајќи со себе двајца пешаци и возило.

За среќа, пешаците добија полесни повреди.

Инцидентот на мостот, кој поврзува две населби од црноморскиот град во северна Турција, беше пријавен во понеделникот.

Иако надлежните го затворија мостот по обилните дождови, некои граѓани сепак го користеа, рече градоначалникот на Терме, Али Килиџ.

Минибусот, кој бил паркиран на мостот, исто така се урнал во реката.