За Помпео нападите во Саудиска Арабија се ‘воен чин’

Американскиот државен секретар Мајк Помпео во текот на својата посета на Саудиска Арабија во средата нападите врз нафтените постројки на ова блискоисточно кралство ги нарече „воен чин“ повторно припишувајќи му го на Иран, неколку часа по презентирањето на резултатите од саудиската истрага според којашто Техерна „неоспорно го спонзорирал“ нападот.

Испратен во Саудиска Арабија за да ги координира активностите против влијанието на Иран во регионот на Блискиот исток, американскиот државен секретар Мајк Помпео повторни дека Иран е одговорен за нападите во саботата, за кои одговорноста ја преземаа јеменските шиитски бунтовници од заедницата Хути, како одговор на нападите на сунитската коалиција предводена од Ријад врз нивните сили во Јемен.

„Тоа беше ирански напад. Не беа Хутите“, рече Помпео споменувајќи го изразот „воен акт“ и гарантирајќи дека „опремата која била користена не е дел од арсеналот на Хутите“.

Но бунтовниците повторно во средата ја преземаа одговорноста за саботните напади исто како и за претходните во текот на изминатите месеци, па дури се заканија и со напад на десетина цели во Обединетите Арапски Емирати, кои се сојузници на Саудиска Арабија во коалицијата која од 2015 година се вмеша во јеменскиот внатрешен конфликт и ја подрржува владата против бунтовниците.

Саудиското министерство за одбрана во средата тврдеше дека 18 дронови и седум крстосувачки ракети ги погодиле целите од насока којашто го исклучува Јемен. Меѓутоа, додаде дека поединостите за локациите од кои овие летала и проектили биле лансирани сѐ уште не може да бидат објавени.

Набрзо потоа портпаролот на јеменското бунтовничко движење Ансар Алах, на шиитската племенска заедница Хути (Хусити), Јахја Сарија, изјави дека нападите врз двата најголеми постројки на саудиската национална нафтена компанија „Saudi Aramco“ во саботата, биле изведени од три различни локации.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.