Манипулација е тврдењето на Владата дека враќа пари на граѓаните, обвинуваат од Комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ.

 

-Најголема демагогија и популизам е Владата да прибира повеќе пари од граѓаните за да подоцна каже дека нивните пари ќе им ги враќа назад. Ако Влада навистина сака повеќе пари да завршат кај граѓаните таа ќе ги намали даноците и другите давачки и со тоа автоматски кај граѓаните ќе остануваат повеќе пари. Наместо тоа, оваа Влада на СДСМ ги зголеми даноците, акцизите и придонесите со што втора година по ред носи историски најголем буџет (најголемо зафаќање од граѓаните) за да покасно преку популистички мерки како мојДДВ, субвенционирање на придонесите и други социјални мерки се обидува да креира слика дека наводно се грижи за граѓаните, велат тие.

Од Комисијата порачуваат: Вистинската улога на државата е преку градење на силни институции, функционална инфраструктура, квалитетно образование, подобро здраство, вистинска поддршка на приватниот сектор, поттикнување на иновации и претприемништво, да ги зголемува капацитетите на реалната економија, да го подобрува животниот стандард и да креира подобри услови за живот на граѓаните.

-Оваа неспособна Влада на чело со Заев покажа дека нема капацитет да ја развива и гради економија на одржлива и реална основа што ќе значи поголем благодет за граѓаните. Наместо тоа се обидува преку гол популизам да ги манипулира македонските граѓани. Ова набрзо ќе заврши! Граѓаните ќе ги казнат овие погубни политики! Доаѓа нова енергија која ќе ја поведе земјата по вистинскиот пат кој ќе значи поголем економски просперитет за сите, велат од таму.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.