Топ 5 причини зошто сексот исчезнува во долгите врски

432

Како минуваат годините во вашата врска можно е желбата за секс да е сè помала.

Мора да проверите кои се причините за да ја средите ситуацијата.

Причини зошто сексот исчезнува во долгите врски:

Бес

Некои луѓе го користат сексот како оружје против партнерот. Во ваков случај мора да ја пронајдете причината за бесот и да не му дозволите да го уништи вашиот сексуален живот.

Слаба привлечност

Ако уште на почетокот од врската немало бурна хемија, бракот дефинитивно нема да ви ја донесе. Не се убедувајте дека проблемот не постои.

Различни секс потреби

Некои сакаат секс секогаш и секаде, некои еднаш неделно. Разликата во сексуални апетити кај партнерите е редовна појава, дури и да имало глума на почетокот.

top-5-prichini-zoshto-seksot-ischeznuva-vo-dolgite-vrski-02.jpg

Контрола

Ако со помош на сексот сакате да воспоставите контрола врз партнерот, правите огромна грешка. Тука едниот е жртва и ова не се нормални околности за функционирање.

Стари сексуални проблеми

Можеби мислевте дека вие сте лекот за неговите сексуални проблеми и трауми од минати искуства, но со тек на време ќе сфатите дека потребна е помош од стручно лице во ваков случај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.