Осудени девет каталонски функционери

Шпанскиот Врховен суд во понеделникот осуди девет каталонски функционери поборници на независноста на затворски казни меѓу девет и тринаесет години, поради нивните улоги во прогласувањето независност на Каталонија во 2017 година.

Другите тројца обвините во овој важен процес поради одржување на референдумот за независност кој го забрани централната влада и највисокиот суд во Мадрид и кусотрајното прогласување на независнсота се прогласени за виновни за непослушност кон власта и не се осудени на затворски казни. Сите обвинети се ослободени од најтешкото обвинение, за иницирање бунт.

Поранешниот заменик на каталонскиот лидер Ориел Жункерас доби најголема затворска казна, во траење од 13 години. Поранешните советнции во владата на Каталонија, Раул Ромева, Жорди Туруљ и Долорс Басса осудени се на 12 години затвор, и ним е збрането да извршуваат одредени позиции. Сите четворица беа прогласени за организирање немири и проневера, односно користење јавни средства за организирање на референдумот.

Поранешната спикерка на каталонскиот парламент, Карме Форкадел доби 11,5 години затвор, а поранешните советници на владата Жоаким Форн и Жозеп Руљ по десет и пол години. Граѓанските активисти, Жорди Квишар и Жорди Санчез се осудени на девет години затвор. Овие петмина, исто така, во текот на казната нема да можат да заземаат избрани државни функции. Тие се осудени за проневера на јавни средства и непослушност.

Уште други поранешни членови на каталонската влада: Сантијаго Била, Меричељ Борас и Карлес Мундо, се прогласени виновни за непослушност и им е одредена парична глоба.

Обвинетите имаат право да се жалат пред Уставниот суд, а исто така може да се обратат до европскиот Суд за човекови права во Стразбур.

 

Се очекуваат реакции на владата и сепаратистите

Одлуката на Врховниот суд е само првиот дел од случајот против каталонските челници. Дел од обвинетиет допрва треба да се појават и пред Високиот суд на Каталонија. Покрај тоа, во јануари 2020 година, на обвинителната клупа во Националниот суд на Шпанија ќе седнат и поранешниот шеф на каталонската полиција Mossos d´Esquadra, Жозем Луис Трампер, поренешниот секретар за внатрешни работи на валдата Сесар Пуч, поранешниот директот на Mossos d´Esquadra, Пере Солер и потполковникот Тереза Лаплана. Каталонската покраинска полиција, имано, во октомври 2017 година не ја изврши наредбата на шпанскиот суд и на владата за спречување на подготовките и одржувањето на референдумот, поради што во во Каталонија беа испратени единици на полицијата од другите делови на земјата.

Со овие пресуди, сепак, продолжува неизвесноста, како за Шпанија, така и за нејзината најбогата покраина, по процесот кој го предизвика вниманието на светската јавност, и ја предизвика најголемата шпанска политичка криза последните децении а ги затресе и финансиските пазари. Меѓу главните прашања, е како спаратистите ќе реагираат на пресудите, дали ќе го одржат ветувањето за мирни масовни протести и колку тоа ќе го наруши угледот на Шпанија и на сепаратистичкото движење.

И владата и сепаратистите пред објавувањето на пресудите објавија смимки на социјалните мрежи. Сепаратистите велат дека не строиле ништо погрешно, и дека судењето било политички мотивирано, додека владата тврди дека е почитуван законот.

„Единствената пресуда којашто ќе ја прифатиме е ослободителната“, рече поранешниот каталонски претседател, Карлес Пучдемон, кој го избегна апсењето заминувајќи со неколку блиски соработници од каталонската влада во Белгија, која одбива да ѝ ги испорача на Шпанија.

Во видеота што го објави шпанската влада, изјави дават неколку министри кои го бранат шпанскиот демократски систем. Премиерот Педро Санчез во прилог на видеото објави твит во кој тврди дека Шпанија е една од „најслободните и најсигурни“ земји во светот.

 

Први реакции на пресудите

Пресудите на судот веднаш ги коментаираше поранешниот каталонски претседател и шеф на владата, Карлес Пучдемон.

„Вкупно сто години. Ова е кошмар. Во моментов како никогаш досега сме со нив и нивните семејсва. Треба да одговориме како никогаш порано“, напиша Пучдемон на Twitter.

Истовремено во Мадрид побараа од сите страни кон одлуката на судот да се постапува со почит.

„Повикувам на одговорност и согласност со пресудите, сѐ стана очигледно, и треаб да се започне нова фаза“, изјави вршителот на должноста шпански министер за развој, Хозе Луис Абалос.