Тројца повредени во судири на мигрантите на грчки Самос

Жестоки судири меѓу мигранти избувнале минатата ноќ на грчкиот остров Самос и притоа три лица се повредени, запалени се шатори во мигрантскиот камп, а училиштата се затворени, пренесува сајтот newsit.gr.

Безредијата започнале доцна вечерта во градскиот парк во Самос, каде дошло до тепачка во која било користено студено оружје меѓу групи Авганистанци и Сиријци. Тројца Сиријци се повредени и биле хоспитализирани, пишува изданието. Се додава дека напаѓачите биле набрзо уапсени.

Но немирите продолжиле во мигрантскиот камп, каде што околу 22 часот по локално време, биле запалени повеќе шатори и контејнери адаптирани за сместување. Десетици лица во паника побегнале, а потоа мигрантите дошле во самиот град Самос.

Градоначалмникот на источен Самос, Јоргсо Стаѕ, го опишува инцидентот како бунт. Според него, голема среќа е што вечерта во текот на пожарот немало силен ветер, во спротивно би имало бројни жртви.

Училиштата во некои населени места на островот се затворени. Според градоначалникот, ситуацијата е „експлозивна“. „Имаме седум илјади постојани жители и 5.700 беглаци“, истакнува.

Според податоците на грчките власти, на 14-ти октомври во центарот за прием и идентификација на Самос, кој е предвиден за 648 лица, имало 5.768 луѓе. Вкупно на островот има повеќе од шест илјади мигранти.

Кон крајот на септември избувна бунт во центарот за прием и идентификација на мигранти и бегалци „Мориа“, на егејскиот остров Лезбос. За воспоставување на редот, тогаш беа испратени специјални единици од Атина. Во кампот во моментов има 13.600 луше, иако е предвиден со капацитет од 3.000 лица.