Инцидент меѓу активистите кои го блокираа железничкиот сообраќај во Лондон и патници

26
AppleMark

За време на протестите на активистите од еколошката група „Бунт против изумирање“, кои го блокираа железничкиот сообраќај во источен Лондон, се случи инцидент со патници од возот каде што биле качени демонстрантите.

Тоа се случило на станицата Кенинг Таун, кога разбеснетите патници симнале од покривот двајца активисти кои носеле транспарент на кој пишувало „Работата како и обично е еднаква на смрт“.

Активистите со скали се качиле на покривот на возот, со што предизвикале брза реакција на патниците, кои нив фрлале сендвичи и пијалок.

Пред да бидат уапсени, двајцата активисти од покривот физички се пресметале со патниците, а човекот кој го снимал инцидентот бил претепан од некои патници.

Лондонската полиција соопшти дека неколку лица се уапсени и ја осуди акцијата на демонстрантите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.