Кучето од армијата на САД кое беше рането додека трагаше по челникот на ултрарадикалната џихадистичка организација Исламската држава, Абу Бакр ал- Багдади, е повторно на должност, објави американскиот претседател Доналд Трамп на својот профил на Twitter со фотографија од четириножниот херој.
Песот херој, чие име сѐ уште е тајна, се појави во твитот на претседателот Трамп.
„Ја декласифициравме фотографијата од прекрасното куче (името не е декласифицирано) кое направи такво големо дело во фаќањето и убиството на водачот на Исламската држава, Абу Бакр ал-Багдади! “, напиша Трамп.
Фотографијата беше објавена неколку часа откако генералот Марк А. Мили, челник на здружениот комитет на началниците на генералштабовите во текот на брифингот за новинарите рече дека кучето „имало огромна заслуга“ во откривањето на ал-Багдади во тунелот под неговото засолниште во сириската покраина Идлиб близу турската граница.
Мили исткана и дека песот „е полесно ранет“, но и дека сега запкрепнува и е вратен на должност.
We have declassified a picture of the wonderful dog (name not declassified) that did such a GREAT JOB in capturing and killing the Leader of ISIS, Abu Bakr al-Baghdadi! pic.twitter.com/PDMx9nZWvw
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) October 28, 2019