Конве-Муре ги донесе првите пораки од Франција

Добро организирани избори, носење на законот за Јавн обвинителство, но и борба против корупцијата, порача во понеделникот во Скопје потпретседателката на францускиот Сенат, Елен Конве Муре, на средбите со македонските пратениците.

Потпретседателката на францускиот Сенат, која е прва француски официјален претставник којшто доаѓа во земјава по француското вето за отпочнувањето на прегвоорите за членство во ЕУ, реши политичките пораки да не ги каже пред камерите. Новите очекувања на Париз од Скопје ги побара Тимоние, кој вели дека само на овој начин може да се испорача добра слика за земја која ги исполнува копенхашкише критериуми. Тимоние е дециден – во Франција се крчка новата методологија за проширувањето.

Каков ќе биде планот на официјален Париз за европската иднина на Западен Балкан – се очекува да се знае во наредните месеци. Дека Франција работи на ревизијата им порача на народните избраници со кои се сретна, заменичка претседателка на францускиот параламент. Но без детали што тоа ќе значи за Македонија.

Она што исто така го пренела гостинката од Франција е дека Унијата не е расположена за земји кои предолго преговараат. Посочена била Турција како пример, но и дека се потребни сериозни чекори и за земјите од Балканот. Освен Македонија, новиот план за Европа го чекаат и европските лидери кои беа за земјава да почне