Аман треба да го преземе земјиштето остапено на Израел пред 25 години

Договорот кој пред 25 години го потпишаа Јордан и Израел според кој израелските земјоделци може да ја обработуваат земјата на две јордански локации по должина на заедничката граница истекува во неделата, со што селаните остануваа препуштени на неизвесност.

Врз основа на јорданско-израелскиот моровен договор од 1994 година, јорданското земјиште е „бесплатно дадено на располагање“ на израелски поседници на почетен период од 25 години во Бакура/ Багарајм и во Гумар/ Цофар.

Во октомври 2018 година, една година пред истекот на рокот, јорданскиот крал Абдула Втори го извести Израел дека сака да ги преземе споменатите погранични сектори, со поврдишна од десетина квадратни километри, на кои Израелци одгледувале житарки, овошје и зеленчук.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху тогаш одговори дека сака да започне преговори со цел да се задржи постојната ситуација, Но неколку дена пред истекот на рокот за враќање на земјиштето, ситуацијата сѐ уште е неизвесна.

„Не добивме никаква нота од израелските власти“, реле во петокот за военото радио Идан Гринбаум, директор на Регионалниот совет на Јорданската долина, каде што е сместен Нахарјам, како што го нарекуваат Евреите, или Бакура како што ја нарекуваат Арапите.

Гринбаум, сепак, вели дека јорданските функционери го предупредиле дека пристапот до споменатото земјоделско земјиште од неделата ќе им биде забрането за израелските земјоделци.

Од израелското министерство за надворешни работи за AFP одговориле само дека „договорот истекува на 10-ти ноември“.