Русија ги повикува САД да го продолжат нуклеарниот пакт кој истекува во 2021-ва

© AFP 2019 / US DoD

Русија официјално им предложила на САД двете нуклеарни суперсили да го продолжат догвоворот за контрола на атомското оружје Нов СТАРТ на уште пет години, иако Москва е подготвена да оди и на покус рок, рекол во средата висок руски функционер, пренесува агенцијата Reuters.

Овој договор, кој истекува во февруари 2021 година, е последниот голем договор кој е на сила за контрола на нуклеарното вооружување меѓу Мосвка и Вашингтон.

Договорот познат и како СТАРТ-3, потпишан во 2010 година од тогашните претседатели на суперсилитe Барак Обама и Дмитриј Медведев, останува единствениот договор во моментов кој е на сила меѓу САД и Русија за ограничување на оружјето. Договорот истекува во 2021 година, а досега Вашингтон не се изјасни дали ќе го продолжи, имајќи предвид дека на 2-ри февраури годинава се повлече од Договорот за неупотребување на ракетите со среден дострел. Москва, пак, во неколку наврати искажа подготвеност да се разговара за овој договор. Договорот го ограничува бројот на стратешките нуклеарни боеви глави на 1.550. Исто така, го ограничува и бројот на лансери на нуклеарни проектили и проектирите распоредени на копното и на подморниците, како и на стратешките бомбардери.

Русија претходно во ноември предупреди дека повеќе нема доволно време двете страни да испреговараат некој заменски догвовор и дека истекува времето за договор околу продолжување на новиот договор СТАРТ.

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека е подготвен да го продолжи договорот. Американскиот претседател Доналд Трамп, кој на својот руски колега по должност Владимир Путин уште во 2017 година му кажал дека смета оти договорот СТАРТ-3 (Strategic Arms Reduction Treaty) е лош договор за САД, дури следната година ќе одлучи дали ќе го продолжи или не. Договорот, кој многумина го сметаат за единствениот документ кој сѐ уште може да ја спречи отворената трка во вооружување, има клаузула според која може да биде продолжен за уште пет години со согласност на двете страни.

Трамп би сакал да ја вклучи Кина во разговорите за продолжување на договорот за стратешкото ракетно вооружување СТАРТ-3, рече во јуни неговиот советнил за национална безбедност Џон Болтон и притоа ка истакна желбата на САД во разговорите да бие вклучена и Кина, којашто во моментов не е ограничена од одредбите од споменатиот договор, во преговорите за контролата над вооружувањето, во услови на постојано зголемување на ризикот од ширење на оружјата за масовно уништување во современиот свет. Според некои експерти, Пекинг во случај да се направат сериозни обиди да биде вклучен во новите преговори за Договорот за намалување на стратепкото оружје (СТАРТ-3), ќе бара Русија и САД своите стратешки офанзивни потенцијали да ги намалат за седум пати.додека американскиот претседател Доналд Трамп, кој на Путин во 2017 година му кажа дека тоае е лош договор за САД, за тоа ќе решава следната година.