Камчев бара отштета од 1,5 милиони евра, ќе се покрене ли друг предмет?

Полномошникот на бизнисменот Јордан Камчев рече дека Камчев се приклучува кон обвинението за предметот „Рекет“ и на денешто рочиште побара отштета од 1,5 милиони евра.

Обвинителката Вилма Рускоска рече дека за ова кривично дело не може да има оштетени, туку може да има само сведоци во постапката.

Судот го извести полномошникот на Камчев дека во постапката може да присуствува како јавност и дека доколку смета може да поднесе друга постапка за отштета.

Судот на почетокот на рочиштето не ги прифати предлозите на одбраната за издвојување на аудио доказите од телефонот на Јордан Камчев и видео материјалите од Боки 13, како и за одржување на подготвително рочиште за подобро запознавање на предложените докази и произнесување на одбраната по нив.

Јовановски во меѓувреме се пожали дека и по инекцијата сѐ уште му е лошо, на што судијката рече дека лекарот од Брза помош констатирал дека тој може да продолжи да го следи судењето.

Судењето продолжува со воведни говори.

МИА