Денес ДУИ на Конгресот бира претседател

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска по четврти пат на конгрес избира лидер на партијата.

На конгресот ќе се избере и ново тело Конгрес на постојаноста составен од 1/3 од делегатите кои што ќе бидат постојани делегати, а ќе се бираат и Изборна комисија и Национален совет во кои ќе учествуваат и еминентни личности од јавниот живот од земјата и странство.

Покрај другото, на дневен ред се измени на Статутот на партијата во чии рамки треба да влезат сите нови органи, како и Секретар за еднакви можности.

На Конресот ќе бидат донесени пет резолуции како програмски приоритети: консенсуална интеграција, ветинг, квалитетен живот, развој и работни места и младите на прво место.

Ќе се донесе и Декларација за вредностите.

Конгресот ќе се оддржи во Спортско – рекреативниот центар „Кале” во Скопје.

Претходно, ДУИ избра целосно нов состав на младината и женскиот форум, скоро 100 отсто нови претседатели на ограноци и над 90 проценти нови претседатели на подограноците.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.