17 C
Skopje
петок, мај 29, 2020
8

Британската пејачка Адел (31) вчера откри на Инстаграм дека промените што ги направила во животот се рефлектираат на нејзиниот изглед, пренесува „Дејли меил“.

Пејачката се појави на „Инстаграм“ по молкот од повеќе од два месеци на ден пред Божик на црно-бели фотографии со Дедо Мраз и покажа дека изгубила значително на тежина последните месеци.

Адел носи долг црн сатенски фустан што ја истакнува нејзината нова фигура.

” Им посакувам на сите Среќен Божиќ и благословени празници”, напиша Адел со фотографиите.

Следбениците на пејачката во коментарите ја пофалија, а некои ја замолија да објави нови песни.

Според досегашните извештаи на медиумите, тренерите Џо Викс и Далтон Вонг и помогнале на Адел да го изгради своето „ново“ тело со нивните совети. Пејачката се пошегува на Инстаграм во октомври дека порано плачела, но сега се поти.

Адел, наводно, се трансформира кога започнала да оди на пилатес и да крева тегови во теретана, а исто така го намалила внесот на шеќери и започнала да користи специјална диета во која со зеленчук како што е кељ.

Пејачката наводно изгубил 20 килограми со оваа диета.Адел се сврте кон своето здравје  по разводот од сопругот Симон Конецки, со кого има седумгодишен син, Анџело.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.