Заев си поденесе оствака, Спсовски го чека мандатот од Пендаровски

Агрон Кранлиевски со Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев поднесе оставка и таа набрзо треба да биде констатирана во Собранието, по што ќе следува избор на техничка влада за спроведување на предвремените парламентарни избори на 12 април до вечер на полноќ.

 Заев ја потврди оставката во гостување во „Утрински брифинг“.

„Оставката треба во секој момент да пристигне во Собранието, каде што претседателот на Собранието го свикува Собранието во 11, 12 или 13 часот, тие кога ќе одлучат. По констатирањето на оставката за која не се расправа, веројатно следува пауза за да може новиот кандидат за премиер, господинот Оливер Спасовски да го добие мандатот и да ги достави предлозите до Собранието“, кажа Заев.

 Тој рече дека очекува изборот на техничка влада да помине глатко и нормално.

 

 

Кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за техничката влада, предводена од Оливер Спасовски, се Наќе Чулев за министер за внатрешни работи, Рашела Мизрахи за министерка за труд и социјала, Цветан Трипуновски за заменик министер за земјоделие, Гордана Димитриеска Кочоска за заменичка министерка за финансии и Невенка Стаменковска Стојковски за заменичка министерка за информатичко општество и администрација.

Досегашната министерка за труд и социјала Мила Царовска е кандидат за вицепремиер за економски прашања, на местото на Кочо Анѓушев.

Од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски соопштија дека денеска ќе му го врачи мандатот на Оливер Спасовски, а по завршувањето на седницата во Собранието за избор на техничката влада, Пендаровски ќе ги прими членовите на новиот владин состав.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.