Трамп: Сулејмани стои зад илјадници убиства на Американци, а Иранците го мразат

Американскиот претседател Доналд Трамп на Twitter во петокот ја бранеше својата одлука за убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани во Багдад, тврдејќи дека влијателниот командант на силите Ал Кудс стои зад убиствата на „илјадници луѓе“, меѓу кои кои и на американски државјани, но и на негови сонардоници Иранци и порача дека јакнењето на влијанието на Иран во Ирак „нема да заврши со ништо добро“.

Сулејмани „убил или тешко ранил илјадници Американци во текот на долг период, и планирал да убие уште многу“, напиша Трамп. „Беше директно или посредно одговорен за смртта на милиони луѓе, вклучително и неодамна и на големиот број демонстранти убиени во Иран“, додаде. Американскиот претседател, исто така, тврди дека Сулејмани „луѓето го мразат и се плашат од него и во неговата сопствена земја“. „Одамна требаше да биде убиен“, вели Трамп.

Генералот Касем Сулејмани, командант на елитните сили Ал Кудс во рамките на Иранската револуционерна гарда, беше убиен во напад со беспилотно летало во петокот утрото од страна на американските сили во Ирак. Пентагон потврди дека е убиен „по наредба на претседателот“ Трамп, што предизвика силни реакции и во Вашингтон и кај американските сојузници, поради стравувања од ескалација на ситуација во Ирак.

Пентагон потврдувајќи го нападот врз Сулејмани, наведе дека покрај него загинал и командантот на ирачката шиитска милиција Абу Махди ал-Мухандис, кого американскиот државен секретар Мајк Помпео го обвини за нападот на американската амбасада во Багдад на 31-ви декември, кој следеше по американскот ракетирање на бази на шиитската милиција во кои беа убиени 25 нејзини борци.

Но Трамп по ликвидацијата на Сулејмани изјави дека „со ништо добро нема да заврши“ влијанието на Техеран во Ирак, каде што како шиитските муслимани сочинуваат најмалку 66 отсто од населението, како и во доминатно шиитскиот Иран.

„САД му плаќаат на Ирак милијарди долари годишно долг период. Тоа е само дел од она што ние го направивме за нив. Народот на Ирак не сака Иран да доминира и да го контролира, но на крајот на краиштата тоа е нивниот избор. Во последните 15 години Иран сѐ повеќе и повеќе го контролира Ирак, а народот на Ирак не е задовотел од ова. Тоа нема да заврши со ништо добро!“, напиша Трамп во нов твит.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.