14.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

„Медена земја“ номиниран за „Оскар“ во две категории

Македонскиот филм „Медена земја“ се најде на списокот на Американската филмска академија на номинирани филмови за најпрестижната светска филмска награда „Оскар“.

„Медена земја“ е и еден од десетте номинирани во категоријата Меѓународен филм.

За номинациите гласањето почнува во четврток, 2. јануари и ќе трае до вторник, 7. јануари. 2020 година.

Документарни филмови
За 92. награда на Академијата ќе се натпреваруват 15 документарни филмови и тоа:
“Advocate”
“American Factory”
“The Apollo”
“Apollo 11”
“Aquarela”
“The Biggest Little Farm”
“The Cave”
“The Edge of Democracy”
“For Sama”
“The Great Hack”
“Honeyland” (Медена земја)
“Knock Down the House”
“Maiden”
“Midnight Family”
“One Child Nation”
Интернационален филм
Десет филмови ќе преминат во следната рунда на гласање во категоријата Меѓународен филм за долгометражни филмови (порано познат како филм за странски јазици) за 92-та награда Академија. Деведесет и еден филм имал право во категоријата.
Членовите на академијата од сите гранки беа поканети да учествуваат во прелиминарната рунда. Тие мораа да ги гледаат доставените филмови и да исполнат минимален услов за гледање за да имаат право да гласаат во категоријата. Нивните седум избори, надополнети со три дополнителни селекции изгласани од Извршниот комитет за меѓународни награди за филм на Академијата, го претставуваат скратениот список.
Филмовите се наредени според азбучен редослед:
Czech Republic, “The Painted Bird”
Estonia, “Truth and Justice”
France, “Les Misérables”
Hungary, “Those Who Remained”
North Macedonia, “Honeyland”
Poland, “Corpus Christi”
Russia, “Beanpole”
Senegal, “Atlantics”
South Korea, “Parasite”
Spain, “Pain and Glory”
За номинациите гласањето почнува во четврток, 2. јануари и ќе трае до вторник, 7 јануари 2020 година. Потоа следи уште една селекција во која ќе останат по 5, односно 8 филмови (за категориите во кои е „Медена земја“)
Годинешното доделување на Оскар ќе се одржи во недела, 9. февруари во Долби театарот во Холивуд, Лос Ангелес, а непосредно пред тоа ќе се затворат сите гласања додека победниците ќе бидат соопштени на свечената церемонија.