Кинеската армија распореди 450 свои лекари во Вухан од каде почна ширењето на коронавирусот

18

Четиристотини и педесет лекари од кинеската армија пристигнаа со авион синоќа во градот Вухан, каде започна ширењето на коронавирусот, јави Синхуа. Дел од тие лекари имаат искуство во борбата против ебола.

Кинеските власти наредија мерки на национално ниво за идентификување на сомнителни случаи на заразени со смртоносниот вирус во возови, авиони и автобуси, бидејќи бројот на смртни случаи и бројот на пациенти се зголемија.

Ќе бидат поставени инспекциски станици и патниците со сомнителна пневмонија мора да бидат „веднаш транспортирани“ до медицински центар, се вели во соопштението на Националната здравствена комисија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.