11.8 C
Skopje
вторник, април 23, 2024

Царовска и Спасовски признаа дека најуспешните мерки на Владата ги воведе претходната предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Царовска и Спасовски денес признаа дека најуспешните мерки на Владата на СДСМ се оние кои што ги воведе претходната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се наведува во реакцијата на ВМРО – ДПМНЕ на изјавата на премиерот Спасовски и министерката Царовска.

На денешната прес-конференција тие говореа за оперативниот план за вработување и за намалување на невработеноста во Република Македонија, притоа споменувајќи ги мерките на Агенцијата за вработување за докфалификација, старт ап бизниси и самовработување, мерки кои ги реализираше и ги воведе Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

„Добро е што конечно во СДСМ се буди свеста дека изминативе три години немаат ниту еден проект, ниту пак мерка со која ќе се подобри животот на граѓаните. Добро е што конечно СДСМ ги поздравува ефективните и во интерес на граѓаните мерки спроведени од ВМРО-ДПМНЕ“, констатираат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ изминативе три години не направи ништо за да го подобри животниот стандард на македонските граѓаните, истакнуваат од оваа партија и велат една третина од македонските граѓани во месецот не можат да ги подмират основните давачки, повеќе од 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија, младинската невработеност е највисоко ниво во Европа, Македонците земаат најниска плата во регионот. Сето ова ќе се смени по 12 април кога доаѓа времето на обновата за Македонија.