(ВИДЕО) Откриен најдолгиот шверцерски тунел на границата на САД

Американските власти го откриле најдолгиот тунел за криумчарење на југозападната граница со Мексико, соопшти администрацијата за контрола на спроведувањето на законите за трговија со наркотици.

Криумчарскиот тунел се протегал од мексиканскиот град Тихуана до американскиот Сан Диего.

„По сложената повеќегодишна меѓуагенциска истрага… откриен е најдолгиот илегален прекуграничен тунел по должината на југозападната граница“, се наведува во соопштението.

Се додава дека должината на тунелот изнесувала околу 1,3 куилометри, восочината вила 165 сантиметри, а широк бил околу 70 сантиметри.

Покрај тоа, тунелот имал систем за вентилација, систем за транспорт со вагинети, високонапонски електрични кабрли и панели, лиф на влезот и дренажен систем.

Досега не било спроведено ниедно апсење во врска со откривањето во средата на тајниот шверцерски канал. Исто така, не се најдени траги од наркотици, а зачудувачки за властите е што тунелот нема потврдена излезна точка на територијата на САД.