Нова средба во поширок формат за Законот за ЈО-ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од барањата

ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од барањата за законот за Јавното обвинителство, откако во петокот го повикаа Министерството за правда да организира средба со правните експерти кои дале забелешки на јавната расправа и заедно со нив да направат амандмани на предлог-законот.

Денеска ќе се одржи нова средба во поширок формат за надминување на разликите околу законот за ЈО. Според најавите, првин ќе се одржат поединечни средби, а по нив и заедничка средба на работната група составена од претставници на парламенарните партии и експерти, во обид да се усогласи верзија на предлог-закон, која подоцна ќе се поднесе во Собранието.

По средбата на работната група во петокот некои пратенички групи доставиле амандмани за Законот за јавно обвинителство, а некои замолиле за дополнително време за да ги формулираат заради обврските што ги имаа со Жан Моне дијалогот. Заради доверба на процесот, од Министерството за правда рекоа дека нема да откриваат кои пратенички групи доставиле амандмани.