Сопственикот на Њујоршката берза нуди за еBay 30 милијарди долари

61

Компанијата „Intercontinental Exchange“ (ICE), коа е сопственик на Њујоршката берза, даде понуда за една од најголемите светски интернет платформи eBay, а висината на зделката може да надмине 30 милијарди долари, објави во своето електронско издание во вторникот весникот The Wall Street Journal, повикувајќи се на сопствени извори.

Според весникот, во ICE ги подготвувале овие планови подолго време и повеќепати давале понуди за купување на eBay. Сопстевеникот на берзата е заинтересиран за стекнување со највредната дејност – онлајн тргувањето на мало. Неговата пазарна капитализација во моментов надминува 28 милијарди долари, а од ICE се подготвени да платат и повеќе, рекле изворите на весникот.

Според написот во The Wall Street Journal, двете страни сѐ уште официјално не ги започнале преговорите. Челниците на eBay, според истиот извор, ја проучуваат понудата, но не ја гарантираат својата согласност за трансакцијата.

Цената на акциите на мрежната продавница по објавувањето на написот во вторникот пораснаа од 34,39 на 38,73 долари. Потоа се спушти на 37,14 долари, и од отворањето на тргувњето во вторникот порасна за 2,76 долари, односно за 8,01 отсто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.