50 илјади маски треба да добијат граѓаните со хронични заболувања

Педесет илјади маски треба да добијат граѓаните со хронични заболувања, засега од министерството за здравство организираат начин како ќе се поделат маските.

Министерот за здравство Филипче вели дека она што како министер може е да ги предложи мерките, во деновите со големо загадување да се ослободат од работа бремените жени, оние кои работат на отворено, децата да не бидат изложени директно кога пикот на загаденост е највисок.

Од институтот за јавно здравје со апел секој против загадувањето да почне од себе, да оди со јавен превоз, доколку може организирано колеги да одат на работа и граѓаните да не се служат со сите можни материјали како средство за греење.

Во музејот на илузии се одржа работилница „Климатските промени реалност или илузија“ во организација на УНДП.

Загадувањето е еден од факторите што го предизвикуваат глобалното затоплување оваа работилница е дел од конференцијата за климатски промени во Полска. За Макрадули многу е важно да се искористат и алтернативните горива.

Владиниот портпарол извести дека над 2 илјади тони гуми биле запленети од страна на инспекторите, и детектирани неколку диви депонии.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.