Педесет заигнати и 212 повредени при судири на погребот на Сулјемани

50 лица загинаа, а 212 се повредени при немири на погребот на генералот Касем Сулејмани, кој беше убиен при американски воздушен напад од беспилотно летало во Багдад во петокот, јави иранската телевизија.

Стотици илјади се собраа на погребот на Сулејмани во југоисточниот ирански град Керман.

„Фарс“ објави, повикувајќи се на властите, дека бројот на загинати достигна 40 лица, а бројот на настраданите е 213.

Ројтерс подоцна објави, повикувајќи се на ИСНА, дека бројот на жртвите се зголемил на најмалку 50 лица и дека поврдени биле 212, некои од нив се во тешка состојба.

Како и претходните денови во Багдад, Техеран, Кум, Машад и Ахваз, стотици илјади Иранци ги исполнија улиците во родниот град Сулејмани во вторникот наутро за да го испратат командант на меѓународните оперативни сили во Револуционерната гарда.

Вчера над 1 милион луѓе се собраа на улиците на Техеран.

Учесниците на погребната церемонија извикуваа „Смрт на САД“ и „Смрт за Израел“.

Сулејмани беше убиен на аеродромот во Багдад во петокот наутро од беспилотно летало по наредба на претседателот Доналд Трамп. Одлуката на Трамп ги зголеми тензиите со Иран, кои се заканија дека ќе наштети на американските интереси во регионот.

Вчера Белата куќа одби да му издаде виза на иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, спречувајќи го да присуствува на состанокот на Советот за безбедност на ОН во Њујорк.

„Тие се плашат дека некој ќе дојде во Соединетите држави за да ја открие реалната слика“, прокоментира Зариф.

Одбивањето на Вашингтон да издаде визи за Техеран го крши договорот од 1947 година според кој САД треба да им дозволи на странски дипломати пристап до земјата, дури и ако тие се ограничени на подрачјето каде се наоѓа меѓународната организација.

САД и другпат одби да му издаде виза на Зариф, но Вашингтон тврди дека може да не издаде виза од причини за „безбедност, тероризам и надворешна политика“.

Според иранската полу-официјална агенција „Тасним“, лидерите на Иран работат на 13 планови за одмазда на САД. Дури и најмалку репресивната мерка би била „историски кошмар“ за Соединетите држави.

Иранскиот парламент ја определи воената команда на САД и оние што дејствуваат во име на Пентагон како „терористи“.

Погребот на Сулејмани беше одложен поради инцидентитњ, јави новинската агенцијата Фарс. Таа додава дека ќе биде објавено наскоро кога ќе се случи погребот.