500-те нови партиски вработувања во ЕСМ нема да ја спасат власта од изборната катаклизма

Огласот на ЕСМ, за над нови 500 партиски вработувања, во оваа институција е само очајнички обид на Ковачевски, Ахмети, Груби и Спасовски, колку толку, макар и за еден промил, да го ублажат поразот, на изборите во мај, кој ги чека, се вели во соопштение објавено од најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ.

„Оглас за вработување, на над 500 луѓе, во само една институција и тоа на само еден месец од формирањето техничката влада, е ништо друго, него класичен обид за вработување на партиски војници, каде платите за овие објавени позиции се движат од 30 до 60 илјади денари.

Ако на народот веќе не му е јасно, зошто ги немаме почнато преговорите за влез во ЕУ, еве ова е еден класичен пример, како настрана, корупцијата и криминалот и со вакви потези, се руши кредибилитетот на државата.

Оваа власт, на чело со ДУИ и СДС, по катастрофалниот пораз на изборите, ќе бидат запаметени, како најголем кочничар на Македонија, на патот кон ЕУ“, соопштуваат од партијата.