Започна судењето на поранешниот француски премир Фијон

Судската постапка против поранешниот фанцуски премиер и неуспешен претседателски кандидат Франсоа Фијон и неговата сопруга Пенелопе во аферата со фиктивни вработувања започна во средата во Париз.

Шеесет и четиргодишната Пенелопе Фијон е обвинета дека примала плата за фиктивниот ангажман на асистентка во парламентот.

Како пратеник во парламентот, Франсоа Фијон, злоупотребувајќи ги законските можности, покрај сопругата богата ги наградувал и нивите деца, кои наводно биле помошници во парламентот, во периодот од 1998 до 2013 година, со што семејството нелегално се стекнало со повеќе од милион евра.

Поради овој скандал пропадна обидот на Фијон за сериозно учество во претседателските избори во пролетта 2017 година. Тој се бранеше дека не направил никакво прекршување и дека ангажманот на сопругата не бил фиктивен. Се очекува дека судската постапка ќе трае до 11-ти март.