Во Франција 100 заразаени од коронавирусот, во САД првата жртва

Во Франција вкупно 100 лица се заразени со новиот сој коронавирус Covid-19, од кои 86 во моментов се хоспитализиран, објави во саботата вечерта пефот на Агнецијата за јавно здравство, Жером Саломон, а САД го објавија првиот смртен случај како последица на овој вирус.

Во Франција две заразени лица починале а 12 оздравеле, изјави на кусата прес-конференција во Париз Саломон, кој е втор човек во француското здравство, и додаде дека 9 лица во тешка состојба се примени во болниците.

Француските власти претходно во саботата објавија дека ги откажуваат сите собири во затворени простори со повеќе од 5.000 луше, во обидот да се спречи ширењето на коронавирусот, кој засилено се шири во Јужна Кореја и во Иран, и ја тресе глобалната економија.

Епидемијата им нанесе тежок удар на финансиските пазари, најтешкиетг по кризата од 2008/2009 година, која предизвика рецесија на светската економија.

Во САД портпаролот на американското министерство за здравство објави дека починало првото лице заразено со коронавирусот, Ова е првиот смртен случај поврзан со епидемијата на американска територија.

Малку подоцна на прес-конференција американскиот претседател Доналд Трамп наведе дека станува збор за жена во педесеттите години од животот, која живеела во округот Кинг во сојузната држава Вашингтон. Таа не е првата американска жртва, бидејќи американски државјанин на 60 години кој беше хоспитализиран во киенскиот град Вухан почина на 6-ти февруари.

Според последните податоци кај 22 лица е дијагностициран вирусот во САД, а неколку пациенти немале никакви врски со жариштетот на епидемијата, што наведува на тезата дека болеста се шири. На овие случаи се додаваат и 47-те пациенти вратени во САД.

Ирак пријави пет нови случаи на коронавирус, објави тамошното министерство за здравство, со што вкупниот број заболени во земјата се зголеми на 13. Петте нови случаи се лица кои се вратиле од соседен Иран и се сместени во каранти. Ирак и Иран имаат тесни културни и верски врски, а соседната земја е една од најзафатените со епидемијата освен Кина.

Сите 13 случаи на коронавирус се поврзани со Иран, наведе министерството за здравство во Багдад. Првиот откриен случај беше ирански студент, кој подоцна е вратен во татковината, а другите 12 се Ирачани кои патувале во Иран. Ирак од средата ги забрани јавните собири и влез во земјата на работиници од Кувајт и од Бахреин, како и забрани патувања во девет земји, односно од нив.
.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.