Спречен инцидент на тренингот на холандската фудбалска репрезентација

На последниот тренинг на холандската репрезентација, Мартинс Инди беше преостар кон своите репрезентативни колеги, посебно кон Арјен Робен. Ѕвездата на Баерн, Робен, не остана должен и веднаш му возврати на Инди, по што за малку беше избегнат посериозен инцидент.