Угостителските објекти не работат по 18 часот, се затворија теретаните, кината, театрите

Од вечерва угостителските објекти, кладилниците, казината и сите места каде има масовни собирања по 18 часот не работат, а се откажваа сите театарски претстави и концерти и кино проекции. Ова е според новата мерка која треба да го превенира ширењето на коронавирусот во земјава.

Забрана на сите јавни и приватни собири, без разлика на обемот и бројката на учесници, концерти, театри, кина, спортски сали, теретани. Понатаму, кафетериите и рестораните да работата со скратено работно време до 18.00 часот и тоа внатре капацитетот да биде преполовен, значи да се задржи дистанцата од 1,4 метри до два метри меѓу луѓето што престојуваат таму, рече Филипче.

Филипче апелира и до свеста на луѓето да ги почитуваат препораките и да се воздржуваат од излегување особено на јавни места. До мерките на владата да нема јавни и приватни собири на луѓе строго ќе треба да се придржуваат и верските заедници.

Од првиот ден апелираме а тоа е јавната свест. Кафаните и рестораните и кафиќите не се полни само преку ден, тие се полни и навечер. Не беше тоа целта на воведувањето на овие мерки. Во Италија има форма на полициски час, никој не може да влезе и да излезе бес специјална дозвола. Ние не сакаме до таму да дојдеме, па затоа сега вакви мерки воведуваме во оваа фаза, порача Филипче.

Во меѓувреме се чекаат резултатите на нов сомнителен случај на заболен со коронавирус, а кај тројцата повозрасни пациентите од деветте со Ковид-19 кои се хоспитализирани, состојбата е лесно влошена, но како што информираше министерот за здравство Венко Филипче, тие не се ставени на респираторни апарати.

Во моментов во дебарско се прави епидемилошка контрола, а состојбата ќе биде позната за неколку дена, бидејќи тоа е единственото место во моментов во Македонија каде имало локална трансмисија на вирусот.

Филипче информираше и дека се откажуваат сите хронични пациенти чија интервенција може да се доложи, како и прегледи, освен итните и неодложните хируршки интервенции, а хроничните пациенти терапијата која досега ја добивале од специјалистите, ќе можат да ја продолжат и на матичниот лекар. Ова мерка не важи за ново дијагностицираните пациенти. До матичните лекари денеска ќе биде доставена и листата на дијагнози на хроничните билести со кои ќе се ослободуваат од работа.

Министерот за здравство апелираше и до услужните дејности да ги заштитат своите вработени, но и клинетите од ширење на вирусот со заштитини мерки.