Туск во идеолошки напад на земјите кои преземаат индивидуални мерки против коронавирусот

Претседателот на најзастапената политичка групација во Европскиот парламент од десниот центар Европската народна партија (EPP), Доналд Туск, побара во петокот вонредена средба на раководството на овој блок, на којашто најавува дискусија за постапување против оние политичари и партии кои го критикуваат бавното реагирање и неактивноста на Европската унија во справувањето со пандемијата од коронавирусот.

Туск побарал одржување на видео-конференција со водството на EPP, покажува писмото што неименуван високопозициониран во групацијата извор го дал на увид на агенцијата V4NA, во кое Туск ги истакнува главните прашања кои треба да се дискутираат.

Челникот на EPP предлага, сугерирајќи дека челниците треба да разговараат за тоа, како ЕУ може да преземе строги чекори против сите критики за неактивноста и бавното преземање мерки од страна на Унијата во справувањето со актуелната пандемија на коронавирусот.

Во дописот Туск признава дека ЕУ ги следи настаните додека истовремено Кина и Русија веќе упатиле помош во некои нејзини земји членки. Тој е убеден дека тоа носи опасност, и покрај европската неактивност, дека Кина и Русија политички ќе ги искористат овие кампањи.

Туск, исто така, посочува дека челниците на EPP треба да ги испитаат посебните мерки воведени од различни земји членки во рекот на нвиниот одговор на пандемијата.

Според соговорникот на агенцијата, висок функционер на EPP, неколку членови на водството на групацијата биле зачудени од предлогот на Туск. Повеќето од нив се убедени дека за време на кризата EPP ќе направи политичка грешка, доколку влезе во критикување на владите и подигнувајќи притоа прашања кои се од идеолошка природа.

Од V4NA писмено му поставиле прашања на Туск, со барање да ја потврди или негира информацијата на агенцијата, и дали смета дека ЕУ има надлежност да го кородинира идниот одговор на 27-те нации со културни, економски и институционалните разлики. Исто така, било поставено и прашањето дали според него Брисел дал соодветен одговор на кризата, и дали тој навистина бил подготвен да преземе дејствија против оние кои ја критикувале неактивноста на бриселската бирократија.