Левин: Забавува епидемијата на вирусот во Италија и Њујорк

68

Угледниот научник од Универзитетот во Станфорд и добитник на Нобеловата награда, Мајкл Левин, вели дека забавува епидемијата на коронавирусот во Италија и во Њујорк.

Тоа се двете најзагрозени места во светот во кои се наоѓаат 260.000 од вкупно 750.000 потврдени случаи на заразата. Италија стана епиценатрот на заразата откако Кина успеа да ја совлада епидемијата, но САД набрзо ја презедоа улогата на најголемо светско жариште.

Најпогодена во моментов е американската сојузна држава Њујорк со повеќе од 66.000 случаи, најмногу од било која друга држава, освен Италија (101.739), Кина ( 81.470) ои Шпанија ( 85.195).

Професорот Левин вели дека во Италија ситуацијата се подобрува, а официјалните бројки, се чини, го поддржуваат ова тврдење. Имено, во Италија секој ден во последните 10 дена има меѓу 5-6.000 новозаразени. Ситуацијата во Њујорк е малку понесигурна бидејќи дневниот раст во последните три дена изнесува 7.000 случаи, а претходно растот беше уште посилен.

Неделава, смета Левин, ќе биде пресудна и ќе открие дали епидемијата ќе продолжи.

Левин на Би-Би-Си Радио 4 кажа дека ситуацијата во градот Њујорк, околу кој сите се многу вознемирени, малку по малку се свртува на подобро, пренесе загрепски „Јутарњи лист“.

-Клучниот момент мина и камионот наречен Ковид-19, што иташе кон Њујорк, веќе не забрзува туку запира, што значи дека состојбата се подобрува, рече Левит.

Тој додаде дека нема доволно податоци за Велика Британија, бидејќи таму има премногу одвоени жаришта, но дека состојбата во Италија и Швајцарија веќе е подобрена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.