Македонски државјани од Словенија со уште еден конвој се враќаат дома

Конвој со вкупно 50 македонски државјани доцна  ноќта кон петокот тргна од Словенија за  Македонија

Во конвојот има 13 македонски државјани кои немале свои возила и 19 државјани со 11 возила. На нив им се придружија уште 19 македонски граѓани од Австрија кои исто така сакаат да се вратат дома. За лицата без автомобили беше обезбеден автобус. Сите тие поради коронавирусот и затворањето на границите беа затекнати во Словенија и Австрија.

И овој конвој го организираа Министерствата за надворешни работи на Македонија и Словенија, со директна асистенција на македонската амбасада во Словенија.

Според планот, сите граѓаните уште денеска ќе стигнат во нашата земја по што ќе бидат сместени во државен карантин.