Ферари може да ја напушти Формула 1

28 February 2020. EPA/ALEJANDRO GARCIA

Тимот на италијански Ферари може да ја напушти Формила 1, доколку биде прифатен предлогот за ограничување на буџетите на тимовите на 130 милиони долари, пишува британски The Guardian,

Тимот на Ферари, заедно со Меѓународната автомобилистичка федерација (FIA) и раководството на Формула 1, разговараат за ограничување на трошоците во 2021 година на 145 милиони долари и поставување на плафонот за расходите на 130 милиони долари во 2022 година. Во 2019 година, тимовите се договорите за лимитот од 175 долари за 2021 година, но поради пандемијата на коронавирусот партнерите одново преговараат за нови ограничувања.

„Нивото од 145 милиони е веќе едно од позначајните барања во споредба со она што е усвоено во јуни 2019-та. Тое не може да се постигне без натамошни значителни жртви, особено во поглед на човечките ресурси. Доколку плафонот биде поставен уште пониско, не би сакале да бидеме во позиција во којашто ќе мораме да бараме други опции за работењето на нашата тркачка ДНК“, го цитира весникот шефот на Ферари, Матија Биното.