Истражување: Говорот можен значителен начин на ширење на вирусите

(Photo by Pierre Suu/Getty Images)

Микрокапките кои ги произведува човекот додека зборува може во затворен простор да останат во воздухот повеќе од десет минути, покажала студијата којашто укажува на веројатната улога на овие капки во ширењето на коронавирусот а објавена во средата во научното списание u Proceedings of the National Academy of Sciences of the United States of America (PNAS).

Научниците од американскиот Национален институт за дијабетес, варање на храната и заболувања на бубрезите (NIDDK) ги проучувале испитаниците додека главно ги повторувале зборовите „останете здрави“ во текот на 25 секунди во затвотрена кутија. Со ласер ја осветлувале аеросолта која испитаникот ја произведувал во текот на зборувањето, за да ги видат и пребројат микрокапките, коишто просечно во воздухот останувале 12 минути.

Земајќи ја предвид познатата концентрација на коронавирусот во слузницата, научниците процениле дека секоја минута од гласно говорење може да произведе до 1.000 микрокапки кои содржат вируси и кои може да останат во воздухот осум или повеќе минути во затворена просторија.

„Визуелизацијата покажува дека нормалното зборување создава микрокапки кои може да останат во воздухот десет минути или повеќе и имаат значителна способноста за пренесување на болестите во затворен простор“, заклучиче научниците.

Истиот научен тим во труд објавен во април во списанието New England Journal of Medicine веќе утврди дека потивкиот говор произведува помалку микрикапки.

Доколку заразноста на Covid-19 со разговор биде потврдена, тоа би дало научна основа за препораките за носење маски за лицето кои се воведени во многу земји и би помогнало да се објасно зошто новиот коронавирус се шири толку брзо.

Некои стручњаци кои го испитуваат ширењето на вирусите, сметаат дека вирус може да се шири само доколку сте во близина на заразено лице кое кашла или кива и да ги вдишете неговите микрокапки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.