24.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

И меѓународната заедница се вклучува за изборите?

Се вклучува ли меѓународната заедници во разговорите за датум за избори по неуспехот на партиските лидери да најдат компромис на последната средба кај Пендаровски?

Дипломатски извори, како што наведува ТВ Канал 5, брифираат дека во изминатите три дена претставници на амбасади се во комуникација со партиите вклучени во разговорите особено со ВМРО ДПМНЕ и СДСМ. Според нашите информации, комуникацијата се води на високо партиско ниво преку кои се прави обид да се доближат ставовите изнесени од Заев и Мицкоски за датумот за избори.  Петти јули, според изворите на Канал 5 е последната понуда од страна на власта за избори, додека опозицијата останува на датум подоцна во текот на летото – 26 јули. Напорите, како што велат нашите извори, се во насока ставовите на двете страни да се приближат до датум кон средината на јули како компромисно решение.

Од двете партии, засега велат преговори посредување од меѓународната заедница како што се случувале во изминатите години нема, но постои интерес особено од амбасадите кои важат за важни сојузници на земјата за текот на разговорите и ставовите на партиските раководство.

Од ВМРО ДПМНЕ велат комуникација со амбасадорите во изминативе деновиве има но досега од нив било побарано само презентација на нивните ставови кога треба да се одржат изборите без било каков притисок.

„ВМРО ДПМНЕ е конструктивна во изнаоѓањето на решение кое ќе биде пред се’ во интерес на здравјето на граѓаните. Фокусот не треба да се префрла дека ВМРО ДПМНЕ дека е пречка за изборите, пречка се лошото менаџирање и загрозеното здравје на граѓаните. Ставовите кои ги изнесоа дел од претставниците на меѓународната заедница кореспондираат и со ставот на ВМРО ДПМНЕ“, велат од партијата.

Од СДСМ ниту ги потврдуваат ниту ги демантираат информациите за Канал 5 за посредство од страна на меѓународната заедница во разговорите за изборен датум.

Но, дали ќе има нови разговори во Вила Водно и колку за двете страни се прифатливи избори во јули партиите воздржани во одговори. Остануваат на досега познатите позиции.

По последната средба кај Пендаровски лидерите со позиции далеку од компромис. Лидерот на СДСМ остави простор до крајот на вонредната состојба за договор, но вели ако нема изборите ќе бидат на 21 јуни. Мицкоски  на ова одговор дека избори во јуни за ВМРО ДПМНЕ нема да има.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.