Шпанија ги ревидираше податоците, околу 2.000 починати помалку

Шпанската влада ги ревидираше податоците за починатите во епидемијата на коронавирусот и оваа бројка ја намали на 26.834 починати, или за 1.918 помалку отколку во неделата.

„Со новиот систем за следење се овозможува избегнувањето двојно пребројување на случаите, потврдување на податоците поврзани со коронавирусот и елиминирање на смртните исходи погрешно припишани на Covid-19“, појасни директот на службата за итни интервенции, Фернандо Симон.

Во неделата Шпанија објави за дека од почетокот на епидемијата во земјата починале вкупно 28.752 лица.

„Разликата од 1.900 лица е голема, се обидуваме тоа да го провериме, ова се податоци кои ни се достапни во моментов“, додаде Симон.

Министерството за здравство, исто така, го ревидираше бројот на случаи на зраза, но разликата е многу помала отколку кога станува збор за бројот на починатите.

„Тоа се случува во текот на сите епидемии, кога поради развојот на настаните имаме премалку време за проверка на податоците“, објасни Симон.