Министерството за економија ќе ја обжали одлуката на Управен суд за рудникот Иловица

60

Министерството за економија ќе ја разгледа одлуката на Управниот суд кој пресуди во полза на компанијата „Еуромакс“ за рудникот во Иловица, но и ќе ја обжали во други истанци, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши одговарајќи на новинарско прашање.

Управниот суд на 31 март донесе пресуда за уважување на тужбата на компанијата „Еуромакс“ која сака да гради рудник во селото Иловица.

„Пред неколку дена без известен од Секторот за минерални суровини дека е донесена таква одлука од страна на Управен суд. Ние секако дека ги почитуваме одлуките на судовите во Северна Македонија. Во зависност од процедурите кои се предвидени ќе ја разгледаме одлуката на управниот суд, но истовремено и во други истанци ќе се жалиме како Министерство за економија, дека ние сме убедени дека одлуката што ја донесовме за раскинување на концесијата за Еуромакс е согласно законите и прописите на нашата држава“, изјави Бектеши.

Компанијата во октомври минатата година поднесе тужба до Управниот суд против решението донесено од Второстепената државна комисија, која ја одби жалбата на „Еуромакс“.

Второстепената комисијата ја потврди одлуката на Министерството за економија за одбивање за барањето за експлоатација на „Иловица“. Претходно, Владата објави дека дозволата за „Иловица“ е одбиена, бидејќи од „Еуромакс“ не биле доставени сите потребни документи за експлоатација согласно Законот за минерални суровини.

Одлуката на Управниот суд наиде на огромен револт од активистите кои се борат против отворањето на рудникот. Од иницијативата „Здрава котлина“ најавија бојкот на изборите, спремање групна жалба, герила акции и блокади заедно со уште неколку локални еко-организации и граѓани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.