Jанушев: Кога Љупчо Николовски лаже, се подлабоко влегува во сопствената лага

Кога Љупчо Николовски лаже, се подлабоко влегува во сопствената лага, пишува генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ Игор Јанушев на Фејсбук.

„Она што тој го предлага е Мицкоски што седнал во кафеана да оди во затвор, а да го награди Заев за успешно справување со короната, за најнекорумпиран политичар и најискрен човек на светот, колку и апсурдно да е сето ова.

Но, не со тие куршуми. А зинете – лажете!

И, нема да редам колку лажни вести сте пуштиле затоа што списокот е долг. Па, дојдовте до таму да излажете и за почитувањето на карантинот, сликата со желката, помножено со бројот на километри од Паланка до Берово, минус времето потребно за патување, покажува дека Љупчо излажавте дури и за тоа.

На народот му се превртува во стомакот од вашето лицемерие.

Откако Шекеринска гласаше за карантинот, си отиде во Маврово слободно да си одмара. На власт сте Николовски и изгледа заборавивте дека Агенција за вработување излезе со бројка од 15.371 луѓе кои останаа без работа. Рекордери сте единствено по задолжување и криминални тендери, не залудно Македонија е на сите листи во светот меѓу први по хибриден режим, криминал и корупција.

Но, народот знае тоа да го цени, и вам и на тие како вам ќе им одговори на избори.

П.С. – И околу лажните вести добро е Љупчо Николовски да одговори, како тоа отиде и се врати од Берово за еден ден со полициски час кој почнува од 16 часот, а патот од Паланка до Берово и назад е 5 и пол до 6 саати? Изгледа некоја посебна желка е?“, пишува Јанушев на Фејсбук.