Според анкетите ДУИ ќе биде клучот на идната влада, вели Меџити

Изет Меџити од ДУИ во вечерашното гостување на ТВ 24 порача дека ДУИ ќе биде клучот за идната влада.

„Договорите од Преспа, со Бугарија и Рамковниот договор за ДУИ се црвени линии. Ние за нив нема да дозволиме да се преговара. Договорите се поголеми од ДУИ и се стратешки и за ова сме спремни да платиме било каква цена. Но, ние не размислуваме за опозиција. Според анкетите, ДУИ ќе биде клучот на идната влада“, рече Меџити.