Градинките ќе се отворат кога ќе дозволи Комисијата за заразни болести

Градинките и дневните центри ќе бидат отворени кога тоа ќе го дозволи Комисијата за заразни болести, изјави денеска вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска.

„Во име на здравствената заштита на сите наши граѓани, децата, возрасните и најстарите кои се најзагрозена категорија, очекуваме мислење од страна на Комисијата. Во моментот кога Комисијата, која јас екстремно ја почитувам, ќе даде дозвола, тогаш ќе бидат отворени и дневните центри и градинките“, вели Царовска.

Царовска додаде  дека сите вработени кои имаат деца до десет години се ослободени од работа и таа мерка сè уште е во сила.

„Повикуваме на одговорност и кај компаниите, да ја почитуваат оваа препорака зашто е во интерес на здравствената заштита на сите граѓани, како и на работниците во компаниите кои треба да останат продуктивни и да се вратат на работните места“, порача вицепремиерката.