ХДЗ победник на изборите во Хрватска

Владејачките конзервативци со големо мнозинство победија на парламентарните избори во Хрватска, што се одржаа вчера, во услови на нови случаи на коронавирус.

Владејачката Хрватска демократска унија, освои 66 места во хрватскиот парламент кои има 151 член и веројатно ќе формира нова коалициска влада со помали десничарски партии.

Премиерот Андреј Пленковиќ го пофали, како што рече, „одличниот резултат и големата победа“ и славеше со приврзаниците. За време на победничките прослави се заборави на социјалната дистанца.

„Ваков резултат на ХДЗ, а тоа е нашата победа, не само што е голем, туку е и обврзувачки. Не обврзува бидејќи имавме мандат полн со искушенија зад нас, а предизвиците кои се пред нас изгледаат уште поголеми. Таквите околности бараат работа, енергија, ентузијазам, елан, пожрвуваност, рече Пленковиќ.

Алијансата предводена од Либералната социјалдемократска партија, најголемата опозициска партија, освои 41 место, додека на третото место се најде десничарското движење Домовински покрет, предводено од фолк пејачот Мирослав Шкоро, со освоени 16 места.

Хрватска се соочи со наплив на случаи на коронавирус, што следуваа по повторното отворање на границите на земјата и олеснување на правилата за заклучување.

Земја со 4,2 милиони луѓе, земјата ја одржува епидемијата во голема мерка под контрола, известувајќи за 113 смртни случаи и околу 3.100 потврдени инфекции.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.