6.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Директорот на Твитер за хакирањето: Ова е тежок ден за нас, жалиме

Твитер објави дека хакерите ги користеле вработените за пристап до внатрешните сервери за „да преземат контрола врз многу познати профили и твитнувале наместо нив“.

„Истражуваме дали хакерите преземале какви било други криминални активности и дали тие имале пристап до други информации. Кога ќе имаме нови детали, ќе ја известиме јавноста“, соопшти Твитер.

Денеска Твитер објави дека хакерите ги нападнале нивните сервери и хакерирале некои од најистакнатите корисници на платформата, вклучувајќи ги и американскиот претседателски кандидат Џо Бајден, старлетата Ким Кардашијан, милијардерот Илон Маск и поранешниот претседател на САД, Барак Обама.

Компанијата неколку часа блокира испраќање пораки од многу сметки, вклучително и заверени. Таа додаде дека ќе го врати пристапот до сите кога ќе може да гарантира безбедност.

Хакираните твитови ги повикуваа следбениците да ја удвојат својата заработка доколку испратат донации во крипто валути на конкретен „паричник за биткоини“. Во часовите по почетокот на хакерскиот напад, околу 300 луѓе биле измамени и испратиле биткоини вреден повеќе од 100.000 американски долари. Твитовите биле избришани неколку минути откако се објавени.

Извршниот директор Џек Дорси порано изјави дека компанијата го идентификува проблемот. „Ова е тежок ден за Твитер. Жал ни е за тоа што се случи“, рече Дорси. По веста за хакерството, акциите на Твитер паднаа на берзите за скоро пет проценти.

За време на упадот на хакерите, многу познати корисници имаа проблеми да ја контролираат својата сметка. На пример, Илон Маск испратил нејасен твит за купување криптовалути, по што таа порака исчезнала. Малку подоцна, се појавила нова порака за купување биткоини, а потоа и друга.

Засегнати се и сметките на раперот Канје Вест, основачот на Амазон, Џеф Безос, инвеститорот Ворен Бафет, основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс и корпоративните сметки на Uber и Apple. Скриени се и сметките на компании и организации што продаваат криптовалути. Севкупно, погодени се сметки што имаат десетици милиони следбеници.

Ко-основачот на CrowdStrike, Дмитриј Алперович, рече дека се чини дека ова досега е најлошиот хакерски напад врз најголемите платформи на социјалните медиуми. Некои експерти велат дека најверојатно хакерите имаат пристап до внатрешната инфраструктура на Твитер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.